26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНизата не завршува со Q8, можен е и Audi Q9

Низата не завршува со Q8, можен е и Audi Q9

По лансирањетона купе-кросоверот „Q8“, „Audi“ размислува за развој на својот потенцијален ривал на „Range Rover“.

До пред само 15-тина години, „Audi“ не имаше SUV/кросовер возила во својата понуда. „Мразот“ го скрши „Q7“, кој се појави во 2005-та, а во наредните години следеа помалите модели „Q5“, „Q3“ и „Q2“.

Како шлаг на тортата, на почетокот на јуни пристигна и „Q8“, кој се наоѓа во врвот на „SUV“ гамата на германскиот производител.

Како што пишува „Autocar“, тука низата нема да заврши. Се шпекулира дека „Audi“ размислува за уште поголем и полуксузен модел „Q9“, кој ќе биде ривал на „Range Rover“.

Дека на пазарот постои побарувачка за луксузни „SUV“ модели покажува и податокот дека во последните години во оваа, засега неистражена област, влегоа производители како што се „Bentley“, „Rolls-Royce“, „Jaguar“ и „Maserati“ – некои со помал, некои со поголем успех, а не треба да се заборави и дека „Mercedes“ има планови да им понуди на купувачите „Maybach“ кросовер.

„Lamborghini“ исто така лансираше сопствен кросовер, „Urus“, a по неговите стапки тргнуваат и „Aston Martin“ и „Ferrari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП