3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis ќе го оддели Alcon и купува свои акции за 5 милијарди...

Novartis ќе го оддели Alcon и купува свои акции за 5 милијарди долари

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“ најави дека планира да го одвои делот за производи за очи „Alcon“ и цели до крајот на 2019-та година да откупи назад свои акции за 5 милијарди долари.

„Novartis“ рече дека со одвојувањето на „Alcon“ ќе може подобро да се фокусира на фармацевтскиот бизнис.

Во меѓувреме, „Alcon“ ќе стане светски лидер во областа на медицинската технологија, соопшти претседателот на „Novartis“, Јорг Реинхарт.

Седиштето на „Alcon“ сега е во Тексас, но ќе биде преместено во Швајцарија, забележува „Marktouthoch“.

Рајнхарт објасни дека сите опции за „Alcon“ се истражени од задржување, продажба, примарна јавна понуда за разврзување. Во крајна линија, последната опција е најдобра за акционерите на „Novartis“.

Тој додаде дека советот на „Novartis“ планира да побара од акционерите да го одобрат тоа на генералното собрание кое ќе се оддржи следната година.

Покрај тоа, договорот, исто така, мора да биде одобрен од регулаторните органи.

Ако сите одобренија се позитивни, поделбата ќе заврши во првата половина од 2019-та година. „Novartis“ ќе го задржи офталмолошко-фармацевтскиот бизнис по одвојувањето.

„Alcon“ создава проблеми, откако беше купен од „Novartis“ во 2011-та година за 52 милијарди долари. Главниот извршен директор на „Novartis“, Вас Нарасимхан одби да ја посочи вредноста на компанијата денес, но неговиот претходник Џо Хименез ја определи на едвај од 25 милијарди до 35 милијарди долари, додава „Ројтерс“.

Продажбата на „Alcon“ за 2017-та година изнесува 7 милијарди долари.

„Novartis“, исто така, објави дека планира да отпочне со откуп на акции од 5 милијарди долари.

Купувањето ќе биде во голема мера финансирано од продажбата на акциите на „Novartis“ во заедничката компанија за здравствени производи со „GlaxoSmithKline“ за 13 милијарди долари, објавено во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП