27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan и Italdesign го направија GT-R на иднината (фото+видео)

Nissan и Italdesign го направија GT-R на иднината (фото+видео)

Компанијата „Nissan“ претстави уникатен суперавтомобил изграден врз основа на „GT-R Nismo“. Автомобилот од 720 КС е посветен на 50-годишнината од моделот и италијанското студио „Italdesign“.

Тимот на „Nissan“ во Велика Британија и САД работеше на дизајнот на автомобилот, но за крајниот резултат беше одговорна работилницата „Italdesign“. Заменети се сите елементи од каросеријата и светлата, внатрешноста е целосно редизајнирана, додадено е активно анти-крило со прилагодлив агол на напад.

Споредено со „GT-R“, линијата на покривот на автомобилот е намалена за 54 mm, со висина веќе од 1.316 mm. Моделот е подолг за 94 mm и поширок за 97 mm, а димензиите се зголемуваат на 4.784 и 1.992 mm, соодветно. Растојанието помеѓу двете оски е 2.780 mm.

Моќта на 3.8-литарскиот „V6“ мотор со твин-турбо е зголемена од 600 КС и 637 Nm до 720 КС и 780 Nm. Постојат два нови турбополначи од „GT 3“ тркачкиот автомобил, коленесто вратило, клипови, цилиндри, брегаста осовина, како и системи за вбризгување и издувни гасови.

Промените се направени во 6-брзинскиот автоматски менувач. Суспензијата на суперавтомобилот доби електронски контролирани „Bilstein DampTronic I“ амортизери.

Засега компанијата не ги објави динамичките карактеристики, но тие се променети. Стандардниот „GT-R Nismo“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди. Не е познато дали автомобилот ќе биде само прототип или од него ќе се произведува мала серија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП