Британскиот производител на автомобили „McLaren“ го покажа својот нов суперавтомобил. „600LT“ (Longtail) се истакнува со својот мотор од 600 КС, широка употреба на карбон и подобрена аеродинамика. Овој модел стана предводник на семејството „Sport Series“.
Новиот суперавтомобил беше развиен од страна на Одделот за специјални операции на „McLaren“. Автомобилот стана подолг за 73 мм подолг од „570S“. Масата е намалена за 96 килограми и изнесува 1247 килограми. Моделот станува полесен благодарение на многуте делови што се направени од карбон, како што се предните лакови, покривот и куќиштето на седиштето.
„McLaren 600LT“ е опремен исто така со подолг сплитер на предниот браник, поразличен од „570S“ заден дифузер, нови странични прагови и цврсто фиксно антикрило. Споредено со „570S“ во овој модел има 23% различни делови.
Под хаубата на „McLaren 600LT“ е монтиран подобрен 3,8-литарски битурбо мотор кој развива максимална моќност од 600 коњски сили при 620 Нм, што е за 30 коњски сили и 20 Нм повеќе од „570S“.
Засега, компанијата не ги открива динамичките параметри на моделот. Посилниот „570S“ забрзува од место до 100 км/ч за 3,2 секунди и максимална брзина од 328 км/ч. Новиот „McLaren 600LT“ ќе биде произведен во ограничено издание. Нарачките за автомобилот ќе почнат да се прифаќаат во октомври, а првите единици ќе бидат доставени до купувачите по една година.