29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на филмот „Височините“ во Скопје

Премиера на филмот „Височините“ во Скопје

По повод потпишувањето на договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија во Кино Фросина, во Младинскиот културен центар се одржа премиерата на играниот филм „Височините”, во режија на Виктор Божинов. Филмот е инпсириран од истоимениот роман на Милен Русков кој во 2016 година ја доби престижната награда Европски роман на годината.

Приказната во филмот започнува во 1872 година. Младиот револуционер Гичо е со бандата на Димитар Обштиот. Гичо го носи со него Асенчо, млад пастир од целото Жеревна, кој е страсно инспириран од активностите на претстојната револуција. Во инает на забрана издадена од Централниот Револуционерен комитет, Димитар Обштиот со својата банда врши кражба на Турски приходи од данок. После на операција на кражба на златницицте Димитар Обштиот му доверува на Гичо една посебна мисија, да испорача на рака писмо до главниот револуционер , познатиот Левски лично. Гичо ја прифаќа на задачата со гордост и заедно со Асенчо тргнуваат на пат кон Височините да го најдат Левски, кој секогаш се чини дека е ден пред нив.

По огромниот успех во Бугарија и повеќе од 150 000 гледачи во кино салите , “Височините” доаѓа во кината и кај нас. По светската премиера на филмот на филмскиот фестивал од А категорија во Москва, и наградата на Софискиот филмски фестивал “Височините”, продолжува да чекори и со успешен фестивалски живот. Во моментов филмот стартува на редовниот кино репертоар во киното Милениум во Скопје, а потоа и низ кино салите во Република Македонија.

Филмот е работен по сценарио на Милен Русков, Нели Димитрова и Виктор Божинов кој воедно е и режисер на филмот, Во главните улоги се Александар Алексиев, Владимир Михаилов, Стојан Дончев, Музиката е на Петар Дундаков, Директор на фотографија е Антон Бакарски, монтажер на филмот е Нина Алтипармакова а продуценти се Иван Дојков и Огнен Антов.

Филмот е во Копродукција помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, а во продуцкија на Serpentine, Dream Factory Macedonia, All Stars in , Nu Boyana Film Studios , а е финансиски поддржан и од страна на Еуроимаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП