28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на Volvo S60 во САД (фото+видео)

Светска премиера на Volvo S60 во САД (фото+видео)

Новата генерација на „Volvo S60“ беше претставена заедно со отворањето на новата фабрика на брендот во Чарлстон, Јужна Каролина, каде што ексклузивно ќе се произведува седанот.

„Новиот „S60“ е еден од највозбудливите модели на „Volvo“, кој некогаш сме го создавале“, изјави при претставувањето претседателот и извршен директор на „Volvo Cars“, Хакан Самуелсон.

„S60“ ќе биде првиот модел на „Volvo“, кој нема да се нуди со дизел мотори, но за сметка на тоа клиентите ќе можат да порачува две хибридни верзии – „T6“ и „T8 Twin Engine AWD“ кои доаѓаат со погон 4х4 и моќност од 340 и 400 коњски сили. Основниот мотор на моделот ќе биде 2-литарски 4-цилиндричен турбо агрегат со моќност од 249 коњски сили, кој ќе се користи во верзијата на „S60“ со преден погон.

При создавањето на „S60“ во „Volvo“ ја користеле платформата „SPA“, која веќе е присутна кај новиот „XC60“, моделите од серијата „90“ и новиот караван „V60“. Новиот модел ќе се појави на пазарот со сериозен сет електронски системи кои се грижат за безбедноста на патниците, како и на луѓето околу нив.

Системот „City Safety“ ги активира автоматски сопирачките при препознавање на пешаци и големи животни, постои и адаптивен автопилот, кој му помага на возачот при забрзување и возење при брзина до 130 км/ч на патиштата со квалитетна ознака, тука е и системот за спречување излегувањето на возилото од сообраќајната лента и т.н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП