20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche инвестира во хрватските електрични возила

Porsche инвестира во хрватските електрични возила

„Porsche“ е најновиот акционер во хрватската технолошка компанија „Rimac“ која го произведува електричниот хиперавтомобил „Concept One“ под брендот „Rimac Automobili“.

Хрватите добија дополнителна популарност откако ТВ водителот Ричард Хамонд имаше сообраќајка со едно од нивните електрични возила на планинска трка во Швајцарија, при што автомобилот изгоре, а тој помина со минимални повреди.

Сега „Rimac“ работи на „C-Two“ кој во предсериска верзија беше прикажан на саемот во Женева во март и се очекува дека новиот хиперавтомобил ќе биде придвижуван од 4 електромотори со вкупна моќност од 1.914 коњски сили и 2.300 Nm максимален вртежен момент.

„Porsche“ купува 10% од „Rimac“, а компанијата со седиште во Загреб вработува околу 400 лица. „Rimac“ е сопственик на „Greyp Bikes“, компанија која произведува електрични велосипеди.

Од „Porsche“ изјавија дека купувањето на акциите е чекор кон идна заедничка работа и развој на електричните технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП