25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЦеловечерен концерт на „Танец“ во Прилеп

Целовечерен концерт на „Танец“ во Прилеп

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, кој е душата на Македонија, симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении, ќе се претстави со целовечерен концерт денеска, од 20 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Публиката ќе има можност да присуствува на убаво музичко доживување бидејќи ансамблот „Танец“ како амбасадор на македонскиот фолклор ќе се претстави со извонредна програма преку која ќе го долови македонскиот фолклор, традиција и култура.

„Танец“ е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање институција од овој вид, која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. За успехот на „Танец“ говорат многуте добиени награди и признанија, а има учествувано на над 4.500 концерти и подиуми во земјата и светот пред речиси осум милиони гледачи.

„Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна, која како свеќа нè води во тунелот на времето“, велат од „Танец“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП