19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Qashqai ќе има две хибридни верзии

Nissan Qashqai ќе има две хибридни верзии

Следната генерација на пазарниот хит „Nissan Qashqai“ нема да добие дизајн кој е различен од сегашната генерација, но ќе има големи промени во погонот. Пазарното деби на следниот „Qashqai“ е закажано за 2020-та година, а моделот ќе добие и две хибридни верзии.

Во исто време, јасно е дека моделот нема да има целосно електрична верзија. „Nissan“ планира да има целосно електричен модел, но ќе има сосема нова платформа, како и друго име.

Новиот „Qashqai“ ќе ја користи платформата „CMF“ на „Renault-Nissan“, а таа им овозможува хибриден погон. Поинтересно е дека се очекува едната хибридна верзија на моделот да го користи иновативниот систем на „Nissan ePower“, а другата ќе е „plug-in“ опција која доаѓа од „Mitsubishi“.

Во моментов „ePower“ се користи кај јапонскиот варијанта на „Note“, а формулата е следнава: хибридниот систем користи бензински мотор, кој ја игра улогата на генератор за полнење на батерија од која црпи енергија за електромоторите.

„Plug-in“ технологијата на „Mitsubishi“ е доста популарна, а јапонската марка, која веќе е под контрола на „Nissan“, е лидер во развојот на оваа технологија, благодарение главно на електронските блокови за управување со моторите, дело на „Mitsubishi Electronics“. Се претпоставува дека следниот „Qashqai“ ќе користи варијанта на системот што е достапен на „Outlander PHEV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП