28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord пронајде начин како да ги заштити велосипедистите (фото+видео) 

Ford пронајде начин како да ги заштити велосипедистите (фото+видео) 

Компанијата „Ford“ претстави прототип на „паметна“ облека која ќе им овозможи на велосипедистите да патуваат посигурно. Благодарение на тоа, тие ќе можат да користат сигнали и навигација без да го оттргнат вниманието од патот.

Облеката може да се поврзе со паметен телефон и така неговите ракави се претвораат во трепкачи. Во нужен момент, тие почнуваат да вибрираат и даваат светлосен сигнал. Покрај тоа, на грбот на јакната е поставен и запалена стоп сигнал кој им покажува на другите учесници во сообраќајот, дека велосипедистот запира.

Технологијата е создадена со помош на компанијата за производство на велосипедска опрема „LUMO“ и со фирмата „Tome“, а во нејзината основа е токму навигацијата. Идејата е дека многу велосипедисти ќе ја изберат маршрутата по која ќе патуваат однапред. Сепак, користењето на навигацијата е непријатно и опасно, дури и ако е опремена со функцијата за нагласување на глас.

За да функционира новиот систем, облеката треба да биде синхронизирана со специјално развиена апликација за паметни телефони. Таа ја поставиа патеката за да ги избегне автопатите и зафатените патишта. Самиот смартфон се става во џеб на ракавот, како нема потреба од поврзување со кабел до увото на велосипедисти. Улогата на жица ја игра самата облека, која ги обезбедува неопходните вибрации и сигнали.

Засега јакната е само прототип и не е јасно кога ќе се појави на пазарот. Нејзините креатори веруваат дека има уште поголем потенцијал, кој допрва треба да се види. Една од насоките во кои ќе се развива технологијата е да комуницирате со другите велосипедисти на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП