23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

Промоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

Во мултимедијалниот центар на Матица од Скопје, во Паркот на Книгите, денеска во 12 часот ќе биде промовирана монoграфијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски.

За делото на познатиот македонски сликар ќе говорат професор Кристина Николовска и Маја Чанкуловска.

По повод промоцијата на монографијата ќе биде отворена и изложба на триесет цртежи од авторот, создадени во изминатите пет децении, а големиот вљубеник во уметноста, Антонио Павловски ќе рецитира стихови посветени на уметникот од Ефтим Клетников, Раде Силјан, Гордана Михаилова Бошнакоска, Панде Манојлов и Олгица Марковска.

Овој убав издавачко-сликарски чин ќе биде збогатен со музички настап на виртуозот Драган Даутовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП