2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК даде „зелено светло“ и на понудата за спојување на Sky и Comcast

ЕК даде „зелено светло“ и на понудата за спојување на Sky и Comcast

Европската комисија (ЕК) даде целосна согласност за спојување на „Sky“ и американската компанија, „Comcast“. Во соопштението за медиумите, комисијата наведува дека не гледа никаква опасност за конкуренција ако договорот е склучен.

Предложеното спојување ќе го комбинира еден од водечките ТВ-оператори во Австрија, Германија, Ирска, Италија и Велика Британија со „Comcast Corporation“, сопственик на „Universal Pictures“.

„Comcast“ и „Sky“ се главно активни на различни пазари во Австрија, Германија, Ирска, Италија, Велика Британија и Шпанија. Тие се натпреваруваат само во мал дел од бизнисот – најмногу во борбата за телевизиските содржини и во големопродажбата на големите платени ТВ-канали, рече ЕК.

Комисијата утврди дека предложената трансакција ќе доведе до многу мало зголемување на уделот на „Sky“ на пазарите за купуваање на телевизиска содржина, како и на вториот пазар во засегнатите земји-членки.

„Врз основа на резултатите од истражувањето на пазарот, Комисијата дојде до заклучок дека предложената трансакција нема да ги покрене проблемите со конкуренцијата“, се вели во изјавата на ЕК.

Да се потсетиме дека предлогот на „Comcast“ да го купи „Sky“ доаѓа како контра понуда на онаа на „21st Century Fox“. Последниот и „Comcast“ се во директен судир за да се здобијат со контрола над „Sky“.

На 7-ми април минатата година, Комисијата, исто така, даде одобрение за предлогот од „21st Century Fox“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП