18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

Промовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

Познатите скопски филателисти Климе Поповски и Виктор Габер издадоа монографија со назив „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“.

Во монографијата преставени се текстови и мотиви на поштенски марки издадени во Република Македонија, во поранешната СФРЈ и во странство, а се однесуваат на историјата, културните споменици во Скопје и околината, пред и по земјотресот во 1963.

Покрај тоа застапени се и мотиви од значајните личности кои делувале во градот и меѓународните спортски натпревари кои се одржале во Скопје.

Монографијата е печатена на македонски и на англиски јазик на 114 страници, а нејзиното издавање е овозможено и со средствата од Јавниот повик за програми и проекти од интерес за град Скопје за 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП