Директорите на четирите технолошки компании вклучени во кратенката „FANG“ продадоа акции за 4,58 милијарди долари од почетокот на 2018-та година, пишува „Bloomberg“.
Очекувањата се дека до 30-ти јуни продажбата на раководните органи на „Facebook“, „Amazon.com“, „Netflix“ и „Google/Alphabet“ ќе ја преминат границата од 5 милијарди долари и ќе изнесуваат 5,2 милијарди долари.
Ова е најбрзата стапка на продажба на акции од 2012-та година, кога „Facebook“ се појави на берзата и продажата за првите шест месеци изнесуваше 14,3 милијарди долари.
Самиот Цукреберг продал 2,84 милијарди долари акции за поддршка на неговите добротворни иницијативи.
И покрај продажбата, акциите на четирите технолошки компании се претстават исклучително добро од почетокот на 2018-та година, така што се тргуваат блиску до рекордни вредности.
„Инвеститорите треба да следат дали продажбата ќе продолжи и при евентуален пад на берзански индекси“, вели директорот на аналитичкиот оддел на „InsiderInsights.com“, Џонатан Морленд.
„Ако продажбата не запира и за време на пад, тоа е силен индикатор за ставовите на инсајдерите. За време на технолошкиот „балон“ од пред две децении, шефовите на технолошките компании продаваа при пад на акциите од 20, 30 и дури 40%“, рече тој.