20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

„Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

„Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи денеска во 20 часот. На концертот како солисти ќе се претстават талентирани студенти од државните факултети за музика во Македонија, кои по пат на аудиција се избрани да настапат со оркестарот на Македонската филхармонија.

На програмата се дела од Росини, Шостакович, Форсајт, Равел, Росауро, Росе, Данци, Штраус, Кусевицки, Мијо. Диригент на концертот е маестро Сашо Татарчевски, а ќе настапат: Ангел Спировски – оркестарско диригирање (класа: проф. м-р Сашо Татарчевски), Артемида Ќари – пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Илза Бафтиари – виола (класа: проф. м-р Фросина Балова), Ивана Јанаќиева – пијано (класа: доц. м-р Кристијан Каровски), Антонио Весковски – удирачки инструменти (класа: проф. м-р Мојца Седеу), Никола Мицевски – кларинет (класа: проф. д-р Сава Димитров), Благоја Василевски – хорна (класа: вонр. проф. м-р Александар Гошев), Александра Чуруковска – контрабас (класа: м-р Александар Поп Христов), Стефан Неделковски – саксофон (класа: вонр. проф. м-р Нинослав Димов) и Филип Каревски – фагот (класа: вонр. проф. м-р Марјан Милошевски).

Концертот е традиционален и е последен од програмата за оваа концертна сезона на Македонската филхармонија. Следува уште еден атрактивен концерт на отворено, како и гостување на свеченото отворање на фестивалот Охридско лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП