21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Земјите со најголеми економски загуби поради тероризам

График на денот: Земјите со најголеми економски загуби поради тероризам

Помеѓу 2004-та и 2016-та година Европската унија (ЕУ) загубила вкупно 180 милијарди евра (212 милијарди долари) од бруто домашниот производ поради терористички напади, покажува новиот извештај на американскиот институт „RAND Corporation“, пренесува „Statista“.

Најголемата финансиска загуба во разгледуваниот период претрпе Велика Британија – 43,7 милијарди долари. Во последниве години, неколку големи терористички напади се извршени во Франција, предизвикувајќи загуба од 43 милијарди евра во својата економија. Трета е Шпанија, која загуби 40,8 милијарди евра како резултат на терористички напади.

Истражувачите го проценија влијанието на тероризмот врз растот на БДП-то во Европа, како се користеле економетриски моделирања, за да се пресметаат потенцијалните последици за економијата.

Иако навиките за купување на корисниците остануваат непроменети по атентатите, инвестициите се намалуваат и тоа главно се должи на фактот дека луѓето „живеат повеќе за моментот“, наместо да штедат за иднината, забележуваат авторите на студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП