
Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија.


Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија.
Postmodern Jukebox е музички колектив кој во тотален винтиџ-стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи, во кои на специфичен кабаре-начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па сè до Lady Gaga, Strokes и уште многу други.
„Настапите на Postmodern Jukebox во суштина претставуваат врвно џез и свинг-кабаре, кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи во светот, кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на ‘Јутјуб’ воопшто и да не зборуваме“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“, која го организиара овој настан.
Оттаму појаснуваат дека за настапот во Скопје е избрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за таков тип шоу.