Јапонскиот производител „Nissan“ започна со продажбата на својот прв европски пикап развиен со помош на надворешна компанија. Тоа е исландската фирма „Arcic Trucks“ кои се занимаваат со опрема за автомобили, кои се користат при сурови зимски услови.

Резултатот од партнерството е „Navara Off-Roader AT32“ – пикап кој треба да стигне и до тешко достапните северни региони. Возилото е со 32-инчни гуми, проширени калници, зголемен растојание од тлото и со посебна заштита на сите основни делови од агрегатот во долниот дел – од моторот до резервоарот.

Потпирањето на теренецот автомобил е зголемено со 20 мм – од 223 на 243 мм, а благодарение на 32-инчни гуми со 17-инчни бандажи висината е зголемена за 40 мм. Аголот на „напад“ е зголемен на 35 степени. Во основната опрема на пикапот влегуваат системи за поддржување на поаѓањето и возњето по удолнините, а исто така и камери за кружем видео надзор.

Како опција се нудат ауспух, благодарение на што оваа „Navara“ може да надмине пречка со длабочина до 800 мм, а исто така и блокирање на предниот диференцијал. Верзијата „Off-Roader AT32“ ќе се продава како со лев, така и со десен волан, а од компанијата нудат гаранција од 5 години или 160.000 км. Таа, исто така се однесува на компонентите додадени од „Arctic Trucks“.

Автомобилот ќе биде достапен со стандардниот мотор за Европа – 2.3-литарскиот дизел кој развива 163 КС и 403 Nm или 190 КС и 450 Nm.