ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи дава 40 милиони за двајца играчи на Рома

Наполи дава 40 милиони за двајца играчи на Рома

Lamela-Marquinhos-PI_20130215060852281_660_320

Вицешампионот на Италија, Наполи и понуди на Рома 40 милиони евра за дуото, Маркињос – Ерик Ламела, потврди претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

„И понудив на Рома 40 милиони за Ламела и Маркињос. Станува збор за одлични играчи кои мислам дека ќе се вклопат во нашиот концепт“, изјавил првиот човек на наполитанците.

Маркињос е еден од најбараните одбранбени играчи во Европа, а доволно е да се каже дека го бараат Реал и Барселона. Кога е во прашање Ламела, станува збор за аргентински напаѓач кој во претходната сезона во дресот на „римската волчица“ постигна 15 голови на 33 средби. Тимот од Наполи во него гледа идеална замена за Едисон Кавани кој би требало да си замине од клубот во текот на летото.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП