11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВреме е за гласини?! Rumor PopUp блиц СС18 издание во Скопје

Време е за гласини?! Rumor PopUp блиц СС18 издание во Скопје

Гласините започнуваат од едно уникатно студио од Охрид за да се претворат во нешто допирливо кое повторно доаѓа во Скопје. Rumor shop Охрид ќе ја отвори својата блиц Rumor PopUp изложба во вторник, 12.06.2018, во 17.00 часот на ул. Наум Наумовски Борче во самата близина на Sushi Co, Mad Kitchen, 7 грама еспресо и Coffee Factory.

Овој сезонски PopUp е само мал, но омилен дел од тоа што се подготвува од колекциите на Rumor и ќе биде отворен за посетители од 12 до 22 јуни од 12.00 до 20.00 часот. Веќе од септември, Rumor ќе биде надополнет и надграден и на истата локација посетителите ќе може да се впуштат во откривање на нови димензии на својот идентитет.

На оваа изложба ќе бидат вклучени и најпопуларните парчиња од колекциите како Rumor Collection, Monographie, Risto, SEV, Sibling, и други, кои веќе имаа свои фанови. Целта е да се откријат најновите модни насоки прилагодени за македонскиот пазар за Пролет/Лето 18. Оваа сезона ќе биде претставена и новата колекција на обувки Rumor, со посебен акцент на практичноста кај секој од моделите.

Rumor се враќа повторно кон оригиналната идеја за да биде јадро кое ќе овозможи развивање на домашниот талент. Некои домашни колекции ќе бидат за прв пат изложени. И затоа една од поентите на овој PopUp е да се запознаат домашните артисти и артизани со кои ќе може да се оствари идна соработка да бидат дел од колекциите продавани од Rumor shop.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП