29 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 02.07.2018 до 08.07.2018

Неделен хороскоп 02.07.2018 до 08.07.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Ќе сакате некаква промена, можеби нов партнер ако стариот не ги слуша вашите препораки или можеби промена на друштвото кога станува збор за пријателите. Сепак немојте да бидете нагли во одлуките, можно е некого да повредите.

РАБОТА: Вашиот духовен раст ќе ви обезбеди напредување и средување на сите досега нејасни работи. Во деловниот свет ви претстои стабилност и сигурност, а и финансиската страна ќе ви биде значително подобрена.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен замор кој ќе ви донесе главоболки.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Нема да имате ниту време ниту разбирање за вашиот партнер, само ќе му наредувате. Ќе бидете прилично непријатни и кон останатите блиски лица, па некој многу близок ќе ве напушти. Нема да прифатите ниту еден предлог од вашата околина.

РАБОТА: Дарежливиот Јупитер ќе ви донесе прилично плоден период кога стануа збор за работата. Конечно дојде времето кога ќе ги добиете сите досега заслужени признанија. Луѓето на повисоките места ќе бидат импресионирани од вашата работа, а вашето его постојано ќе расте.

ЗДРАВЈЕ: Намалете со нервозите, можни се појави на зголемен притисок.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Оваа недела Месечината ќе ве направи тешко лице за дружење. Ќе ви биде најдобро доколку малку се повлечете во себе и не комуницирате на иритантен начин со околината. Внимавајте некој можете сериозно да го повредите и многу да загубите.

РАБОТА: Месечината во вашето поле за кариера ви носи поволни финансиски прилики. Ќе ја намалите својата зависност од некој или нешто, а тоа ќе ве направи многу задоволни. Решете ги финансиските проблеми додека сеуште се мали.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со белите дробови.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Иако се чувствувате притиснати од барањата на другите кои само се зголемуваат како и одговорностите кои се повеќе ги имате, сепак ќе најдете минута време и за себеси. Посветете си љубов, грижа, нега и внимание самите на себе.

РАБОТА: Засега не се зафаќајте со поголеми работи или деловни одлуки. Имате поддршка зад себе, но работите ќе се одвиваат потешко поради некои нешта кои се случиле а вие на нив не можете да влијаете. Намалете ги нервозите, за нив не сте платени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе ви биде важно да останете отворени за секаков вид на комуникација, особено ако не сте во врска, а би сакале да влезете во некоја. Немојте да вложувате повеќе од тоа што го добивате назад. Ако нешто не оди, едноставно не оди, сфатете го тоа.

РАБОТА: Оваа недела ќе имате зголемени барања од страна на вашите надредени, па можно е да ви биде доделена некоја задача која воопшто не е од вашиот домен. Немојте веднаш да се буните, потрудете се да ја завршите и покажете дека сте одлични на секое поле.

ЗДРАВЕ: Намалена енергија.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Сонцето на крајот на неделата влегува во знакот на Стрелец. Доколку сакате забава и романтично време со саканото лице, ќе имате доста прилики за покажување, но и добивање на истото.

РАБОТА: Имате одредени потешкотии. За да ги решите морате посилно да се ангажирате околу своите обврски. Посветете им се на проблемите побрзо, не ги оставајте да седат на страна. Комуникацијата со соработниците и колегите нема да ви биде пријатна.

ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате одлично.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Венера вашиот владетел ви носи олеснување, но немојте прерано да се радувате бидејќи сеуште не е се како што треба. Комуникацијата ќе ви биде малку потешка, но ќе ја поправите. Искрениот разговор со партнерот ќе ја разреши целосно непријатната ситуација меѓу вас.

РАБОТА: Финансиската ситуација сеуште не е најдобра. Ќе морате да смислите дополнителен план за штедење и да не си создавате непотребни трошоци. Добро размислете за новите деловни понуди кои ви се нудат.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Чувствата ќе ве однесат далеку од логичните нешта. Премногу му попуштате на партнерот, можно е тој да ве искористува за некои негови цели. Внимавајте и однапред планирајте се, не за џабе се вели подобро спречи отколку да лечиш. Размислувајте со ладна глава.

РАБОТА: Не дозволувајте самозадоволството и самодовербата да ве излажат па да мислите дека можете да постигнете се, внимавајте да не се засрамите. Некоја пренагласена реакција може да ве доведе во незавидна позиција.

ЗДРАВЈЕ: Прилично добро

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Чувствувате дека е потребно да направите чекор наназад и да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате. Размислувајте оптимистички и сите нешта ќе бидат средени. Не се заморувајте со финансиите кои можеби ве спречуваат да преземете некој чекор повеќе, трудете се на поинаков начин да дојдете до посакуваната цел.

РАБОТА: Важно е да ги искористите вашите адути на правилен начин. Оваа недела ве очекува повеќе работа, затоа молчете и работете, не се истакнувајте премногу туку обидете се да остварите добри резултати.

ЗДРАВЈЕ: Малку одмор добро би ви дошол.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете во можност да го вклучите вашиот шарм во своја корист. Ќе успеете да заведете некого, некој кој одамна ви се допаѓа. Оние во посериозни врски дополнително ќе ја разгорат страста.

РАБОТА: Треба да внимавате со документите поврзани за некои финансии, во спротивно ќе се најдете во хаос. Дадете си слободно време па прочитајте ги и најмалите букви во договорите кои ги потпишувате. Можна е појава на проблем.

ЗДРАВЈЕ: Добро

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Време е за завршување на работите поврзани со родителските односи кои ги одолговлекувате веќе долго време. Ако брзате ќе ги прескокнете важните чекори, па затоа имајте внимателен пристап. Партнерот од вас ќе бара повеќе објаснувања за вашите постапки.

РАБОТА: Иако на деловен план се е во ред, иако добивате признанија и награди, сепак внимавајте да не се опуштите. Потребно е да се залагате и работите со сета сила. Побарајте совет од поискусните колеги да ви кажат како да постапите во одреден момент.

ЗДРАВЈЕ: Добро

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Ќе ви се отвори можноста за решавање на еден важен проблем на приватен план, но потребно е најпрво да размислите за последиците. Оние кои се во врска не смеат да му го завртат грбот на партнерот, а оние кои не се, нека не се откажуваат во потрагата по партнер. Оваа недела е малку неповолна на љубовен план, но доколку останте смирени ќе ги избегнете проблемите.

РАБОТА: Ќе се најдете во ситуација помеѓу две групи кои војуваат. Можно е да го извлечете најдебелиот крај па затоа тргнете се од средината. Не треба да ве разочарува застојот во работата пробајте да го пронајдете вистинскиот пат.

ЗДРАВЈЕ: Внимателно со нозете, можни се повреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП