27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОд денес “Летен саем на книга“ во Скопје Сити Мол!

Од денес “Летен саем на книга“ во Скопје Сити Мол!

Од денес па сѐ до 13 јуни во организација на Скопје Сити Мол и Здружението на издавачите и книжарите на Македонија ќе се одржи “Летен саем на книгата“, на кој ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори.

Традиционално секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги. Овогодинешни учесници на саемот се: Просветно Дело, Икона, Детска Радост, Матица, Магор, Нампрес, Логос А, Бата Прес и издавачката куќа Венеција, што гарантира извонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.

Покрај продажниот дел, саемот е збогатен со детско катче, игри на социјалните медиуми и други изненадувања. Саемот се одржува во приземјето на Скопје Сити Мол, а сите љубители на пишаниот збор може да го посетат секој ден од 10:00 до 22:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП