1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сините“ од Лондон за напад ќе потрошат 110 милиони фунти

„Сините“ од Лондон за напад ќе потрошат 110 милиони фунти

article-2337

Веднаш штом се врати во Челзи, португалскиот тренер Жозе Мурињо започна да работи на реконструкција на тимот и доведување на играчи кои ќе му помогнат да го врати тимот на шампионските патеки. Според пишувањата на англиските медиуми „Специјалниот“ подготвил 110 милиони фунти за напаѓачкото трио со кое во целост сака да го промени споменатиот дел од екипата. Станува збор за купување на Едисон Кавани, Хулк и Стеван Јоветиќ.

За Кавани Челзи ќе понуди 50 милиони фунти, Хулк би требало да чини нешто помалку (35 милиони), додека „најевтин“ е црногорскиот напаѓач, Стеван Јоветиќ за кој Челзи би требало да плати 25 милиони фунти.

Претседателот на Наполи, Еурелио де Лаурентис потврди дека има интерес од страна на „сините“ од Лондон за Уругваецот, а истото го стори и Бразилецот Хулк кој изјави дека Челзи сака да го ангажира.

Доколку некој од овие играчи сепак не пристигне на „Стемфорд Бриџ“ Мурињо има „план Б“, тоа е Един Џеко од Манчестер Сити.

Кога се во прашање заминувањата на офанзивните играчи од Лондон во плановите на Португалецот следната сезона ги нема Фернандо Торес, Оскар, Хуан Мата и Демба Ба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП