На улицата Максим Горки во Скопје денеска ќе биде отворен Музеј на илузии. Организаторите ветуваат „ незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција, која нуди многу забава низ трите ката проткаена во мноштво соби и галериски експонати“.
На отворањето ќе зборуваат Благица Илиќ, ПР на Музејот на илузии и директорот на Агенција за промоција на туризмот Љупчо Јаневски.
Предвидено е заедничко разгледување на Музејот, а тој ќе биде отворен за посетителите секој работен ден од 8 до 20 часот, а за време на викендите од 9 часот до 20 часот.