18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСаем на книгата во Струмица

Саем на книгата во Струмица

Од денеска до 7 јуни во Струмица ќе се одржи Саем на книгата на „Македоника литера“ во соработка со Центарот за култура „Антон Панов“.

На оваа изложбено-продажна манифестација со големи попусти ќе се продаваат изданијата на „Македоника литера“ од повеќе области и жанрови. Љубителите на добрата книга ќе може да најдат наградувани и високо вреднувани современи романи од европски и домашни автори, дела од класиката, историски романи, книги за деца од познати македонски и странски автори, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература…

Мини-саемот ќе трае до 7 јуни, ќе се одвива на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“, а работното време е од 10 до 20 часот.

На првиот ден на саемската манифестација со почеток во 12:30 часот во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде промовирана најновата книга на истакнатиот македонски писател за деца Киро Донев „Било и се скрило“. Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, од кои осум се во издание на „Македоника литера“. Тој е автор на романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници и е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП