28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ја заврши продажбата на единицата за чипови

Toshiba ја заврши продажбата на единицата за чипови

Јапонската технолошка компанија „Toshiba“ соопшти дека ја завршила продажбата за 18 милијарди долари на својата единица за чипови на конзорциум, предводен од американската компанија за удели во инвестирање „Bain Capital“, пренесува „Ројтерс“.

Завршувањето на договорот, кој првично мораше да се случи на крајот од март, беше одложено поради континуираната истрага на случајот од страна на кинеските антимонополски власти.

Сепак, минатиот месец, Кина даде дозвола за финализирање на договорот.

Минатата година конзорциумот предводен од „Bain Capital“, триумфираше во долгата и жестоко оспорувана битка за „Toshiba Memory“ – вториот по големина производител на „NAND“ чипови во светот.

„Toshiba“ ја објави продажбата на бизнисот откако имаше проблеми со американската нуклеарна централа „Westinghouse“, која ја стави компанијата во криза.

Конзорциумот го вклучува јужнокорејскиот производител на чипови „SK Hynix“, „Apple“, „Dell Technologies“, „Seagate Technology“ и „Kingston Technology“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП