29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Како летаат авионите“

Промоција на книгата „Како летаат авионите“

Денеска во Скопје ќе биде промовирана книгата „Како летаат авионите“ на авторот Ѓорги Чачкиров. Промоцијата на книгата ќе се одржи во просториите на Комората на инженери на Република Македонија во Скопје (ТЦ „Буњаковец“, втор кат), со почеток во 12 часот.

Оваа книга претставува единствено дело од ваков вид во нашава Република. Таа спаѓа во групата на едукативно-популарна литература, преку која сообраќајната авијација се доближува до пошироката популација, а посебно за оние кои патуваат со авион. Иако, навидум, има стручен наслов, во неа на едноставен и популарен начин се објаснети повеќе теми и субјекти кои учествуваат во реализација на транспортните комерцијални летови. Во неа е посветено внимание на тоа каде и како летаат авионите, нивна конструкција и изградба, управување со нив, нивно одржување, страв од летање, но и однесување на патниците во и надвор од авион. Покрај тоа посочени се и директните субјекти кои учествуваат во непосредната реализација на летовите, како што се аеродромите, контролите на летање и меѓународните и домашните правни регулатори на оваа сфера.

Промотори на книгата ќе бидат: Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“, кој е и спонзор на истата; капетан Емил Георгиев, рецензент на истата; како и самиот автор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП