18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБројот на електрифицирани автомобили во светот зголемен за 50 отсто

Бројот на електрифицирани автомобили во светот зголемен за 50 отсто

Кон крајот на 2017 година по патиштата ширум светот возеле над 3 милиони електрични и хибридни автомобили, објави Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот годишен извештај.

Според податоците, тоа е зголемување од 54 отсто во споредба со 2016. За ваквиот голем глобален раст, најзаслужна е Кина, каде што само во текот на минатата година биле продадени 580.000 електрични (EV) и хибридни (PHEV) возила.

Бројот на електрифицирани возила, исто така, значително е зголемен и во САД, каде што минатата година околу 280.000 EV и PHEV возила биле доставени до потрошувачите.

Иако растот на продажбата на електрифицирани автомобили во моментов е највисок во Кина и во САД, најголем удел на пазарот на овој тип на возила е забележан и во некои европски земји, како Норвешка (39%) и Исланд (12%).

Кина не е само светски лидер во продажбата на електрични автомобили, но исто така во земјата има и значително зголемување на електричните автобуси и електричните возила на две тркала.

Со растот на бројот на електрифицирани автомобили во светот, од година во година се зголемува и бројот на полначи, како на оние приватните, кои се наоѓаат по домовите и бизнис објектите, така и на јавните станици за полнење на батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП