26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Карабатиќ и Лазаров во Барса

По Карабатиќ и Лазаров во Барса

lazarov

Кончено шпекулациите станаа јаве! Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров во новата сезона ќе биде член на најтрофејниот европски колектив Барселона.

Информацијата ја потврди и клубот на својата официјална интернет страна, а во неа се вели декa тој веќе ги поминал лекарските прегледи во каталонскиот гигант и на потпишување на договорот во Барселона ќе замине веднаш по репрезентативните обврски во рамките на квалификациите за Европското првенство. Официјалната промоција ќе се одржи во август, непосредно пред почетокот на подготовките за новата сезона. Инаку, Лазаров ќе остане во Барселона во следните две сезони.

Кире Лазаров ќе биде второ засилување за европскиот вицешампион по Никола Карабатиќ кој потпиша оваа недела и јасно е дека во новата сезона тие ќе го имаат еден од најквалитетните бековски тандеми во Европа. Во Барселона, Лазаров дојде од Атлетико Мадрид каде играше последните три сезони и ќе стане третиот играч на „црвено-белите“ кој во последно време го поминал истиот пат по Арпад Штербик и Сергеј Рутенка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП