6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDodge го оживува Viper, но без V10 моторот

Dodge го оживува Viper, но без V10 моторот

Минатото лето, „Dodge“ го испрати легендарниот „Viper“, кој се продава веќе 25 години, во историјата. Тогаш претставниците на брендот објавија дека автомобилот нема да добие наследник. Сега, сепак, излегува дека ова не е случај.

Според информација на изданието „Car and Driver“ што се повикува на свои извори, премиерата на обновениот „Dodge Viper“ ќе се одржи во 2020-та година. Автомобилот ќе биде изграден на целосно нова платформа, за која ќе се користи главно алуминиум и други композитни материјали. Ова ќе ја направи машината полесна и ќе има подобри динамични карактеристики.

Како и неговиот претходник, така и шестиот „Dodge Viper“ ќе се продава во две модификации – купе и роудстер. Моделот сепак останува без познатиот V10 мотор со 654 КС, чие место ќе го заземе V8 со 550 КС. Сепак, претходниот 6-степен менувач ќе остане, барем според досега неофицијалните информации.

Продажбата на преработениот „Viper“ ќе започне веднаш по премиерата. Речиси е сигурно дека моделот ќе биде достапен исклучиво во САД бидејќи не беше популарен на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП