2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузниот Tesla S доби караван верзија (фото+видео)

Луксузниот Tesla S доби караван верзија (фото+видео)

Холандската компанијата „RemetzCar“ го направи првиот од планираните 20 примероци од „Model S Shooting Brake“.

Иако „Model S“ оргинално се произведува само во лимузинска верзија, купувачите сега можат да си нарачаат и караван верзија.

За модификација на стандардниот „Teslа“ во „Shooting Brake“ каросериска верзија се погрижи компанијата од Холандија, „RemetzCar“, која е позната и по тоа што пред неколку години по нарачка направи „Model S“ во погребно возило.

Првиот „Model S“ караван е изработен во специјална металик зелена боја, по нарачка на еден холандски колекционер на автомобили.

Идеата е, со што помалку трошоци за модификација, оргиналниот автомобил на сопственикот во работилницата на компанијата „RemetzCar“ да се промени во „Shooting Brake“, a вкупно во план е изработка на 20 примероци на караванот „Model S“.

Холанѓаните немаа лесна задача, со оглед дека им било потребно конструктивно и естетски да го вклопат каросерискиот додаток во постоечкиот дизајн, а врз основа на објавените фотографии може да се каже дека имаат успеано во тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП