30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Отаде црнилото“ – изложба на Велимир Жерновски

„Отаде црнилото“ – изложба на Велимир Жерновски

На 1-ви јуни, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба со наслов „Отаде црнилото“ (Beyond the blackness) на македонскиот уметник Велимир Жерновски.

Преку инспиративното патување низ космосмичкиот наратив посетителите ќе имаат можност да го погледнат светот од поинаков агол. Да навлезат во нови светови, отворени за излез од претпоставената безизлезност. Пораката за можните иднини се пренесува низ просторни инсталации од светло, објекти и видео продукција. Инспириран од популарните слики на НАСА / Националната астрономска и вселенска администрација / и ЕСА / Европската вселенска агенција / Контрастот се гради преку серија на видеопродукции од пејзажи на нашата планета и осамени космонаути во вселената со минималистички естетски пристап. Овој проект го отсликува меланхоличниот пат на човековата интеракција со природата. Вонземската атмосфера ќе ве инспирира да погледнете отаде црнилото.

На изложбата ќе бидат претставени 3D испечатени скулптури изработени од биоразградлив и биоактивен термопластичен материјал, добиен од обновливи билошки извори.

„Изложбата на Велимир Жерновски е критика на монструозната логика на капиталот. Алармира за неизвесноста на нашата иднина, за можноста неповратно да ја загубиме својата природна и симболичка средина и да се сведеме на празна обвивка, на тело без супстанцијална содржина. Неговата видео инсталација е визија на едно такво тело, тело редуцирано само на својата основна функција: дишењето. Но, Жерновски во исто време си „поигрува“ и со научната претпоставка на Стивен Хокинг дека „црните дупки не се така црни“ дека тие, и покрај тоа што создаваат огромна гравитација на којашто ништо не може да ѝ избега, па дури ни светлината, сепак, можат да послужат и како премин кон некој друг универзум“, се вели во текстот на кураторката на изложбата, Љиљана Неделковска

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р.М, Еуролинк осигурување, Jameson Whiskey и Винаријата ЕЗИМИТ.

На отворањето музички сет ќе има Соња Исмаил.

Велимир Жерновски работи цртежи, видеа, инсталации, интервенции во јавен простор и сценографии преку кои ги истражува поимите поврзани со популарната култура. Жерновски досега има остварено повеќе самостојни изложби во Македонија, Европа и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП