29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen подготвува враќање на C4 и C5

Citroen подготвува враќање на C4 и C5

„Citroen“ во својата понуда во Европа повторно ќе има два значајни модели кои се претставени во 21-виот век.

И покрај форсирањето на моделот „C4 Cactus“ кој кон крајот на 2017-та беше редизајниран, овој автомобил сепак не претставува соодветна замена за класичен европски хечбек од „С“ сегментот. Затоа „Citroen“ веќе планира наследник на втората генерација на моделот „С4“.

Сепак, позицијата на „Citroen C4“ во гамата на францускиот производител едно време ќе биде испразнета со оглед дека третата генерација ќе се појави дури по 2020-та година, дознава „AutoWeek“ по разговорот со директорката во компанијата, Линда Џексон.

„„C4“ е особено важен за европскиот пазар и нам ни е неопходен модел во тој сегмент, па така секако дека ќе има наследник“, вели Џексон.

Таа не откри повеќе детали, но ако се знае дека претходните два „Citroen C4“ модели ја споделуваат механичката платформа со моделите „Peugeot 307“ и „308“, зa очекување е дека таквата пракса да продолжи и во иднина.

Од друга страна, актуелниот „Peugeot 308“, кој дебитираше во 2013-та, до 2020-та би требало да биде „зрел“ за замена, па во „PSA“ во исто време би можеле да ги развиваат новите „C4“ и „308“.

Покрај компактниот „С4“, „Citroen“ планира враќање на уште еден модел кој беше суштински дел од гамата на францускиот производител во текот на првите 15 години од 21-виот век. Станува збор за „Citroen C5“, кој го покриваше т.н. „D“ сегмент.

Патничките возила од оваа класа моментално не се премногу популарни во Европа и, со исклучок на неколку модели, главно бележат пад во продажбата од година во година.

Сепак, како што вели Линда Џексон, на „Citroen“ моделот „C5“ е важен пред се поради Кина, затоа што според неа овој автомобил освен на кинескиот ќе биде достапен и на некои други пазар, се очекува и Европа да е еден од нив.

Платформата за некој иден европски „C5“ веќе е подготвена, затоа што „Peugeot“ на почетокот на годината го претстави новиот „508“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП