26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКралот на непристапните терени – Ford F150 Raptor (фото+видео)

Кралот на непристапните терени – Ford F150 Raptor (фото+видео)

„Ford“ неодамна го најави својот максимален фокус на „SUV“ и теренските возила, а производ на тоа е моќниот камионет „F-150 Raptor“.

Верзијата за 2019-та пред се е концентрирана на доминација по песокливи, но и непристапни терени.

Клучна состојка на ова подобрување се новите системи „Live Valve FOC Racing Shox“ и „Ford Trail Control“.

„Live Valve“ технологијата му овозможува на „Raptor“ прилагодување на теренот и управувањето со што ова возило не го прави способно за возење надвор од асфалтот, туки и попаметно.

Покрај брзината и моќта по ваквите терени, „Raptor“ е приспособен и на совладување на тешки препреки, благодарејќи на „Trail Control“ системот кој претставува некој вид на теренски „темпомат“.

Можно е да се активира при брзини од 1-32 km/h при што автоматски го прилагодува моторот и сопирањето на непристапниот терен, со што му овозможува на возачот да се концентрира на секоја препрека

Во меѓу време, за удобноста се задолжени „Recaro“ седиштата, за прв пат во понудата на овој модел.

Што се однесува до погонот, за него е задолжен 3,5-литарски V6 со 450 KS и 690 Nm вртежен момент поврзан со десетбрзински автоматски менувач со подобрен софтвер.

Новиот „Ford F-150 Raptor“ ќе започне да се продава кон крајот на оваа година, а се очекува цената да ја надмине почетната од 51.510 долари за моделот од 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП