25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Ана Ивановска во Берлин

Изложба на Ана Ивановска во Берлин

Во организација на галерија Прима Центар во Берлин, денеска со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Славејќи ја бесконечноста“ на академската уметничка Ана Ивановска.

Ана Ивановска (Скопје, 1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација (2006). Во 2007 год. го завршува Педагошкиот оддел а во 2011 ги завршува постдипломските студии на отсек сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Од 2006 година е член на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) и еден од основачите на уметничката група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. (2009 – 2011) и групата „МОМИ“ (2012). Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и странство. Ана ја доби годишната награда „Денес” за млад ликовен уметник од Центарот за современи уметности (2008) и Наградата за вајарство доделена од Друштвото на ликовни уметници на Македонија на „Годишна изложба на ДЛУМ“ (2017). Таа беше претставник на Р.М. на интернационалниот натпревар на 7мите Франкофонски игри во Ница, Франција (2013).

Остварила уметнички престој во Париз, Франција, “Cite Internationale des Arts”, (2014); Виена, Австрија, Австриско Федерално Министерство за образование, уметност и култура (2011); Њујорк, САД, YVAA (Young Visual Artist Award) во програмата ISCP (International Studio and Curatorial Program) (2009).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП