29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Зеленото злато“ е новиот хит на светските пазари и тоа благодарение на...

„Зеленото злато“ е новиот хит на светските пазари и тоа благодарение на „Instagram“!

Верувале или не, авокадото е новото „злато“, барем според берзиските аналитичари, кога станува збор за акциите на компанијата „Calavo Growers“, кои денес чинат 97 долари. Неколку години претходно тие вределе 42% помалку.

И самата компанија изјави дека се изненадени од стабилниот раст на продажбата на авокадото, омиленото овошје кое од неодамна „владее“ со пазарот, и сето тоа благодарение на социјалната мрежа „Instagram“.

„Команијата е лидер на пазарот за авокадо, и има голем профит и поврат на инвестициите. Станува збор за „зелено злато“ на берзите!“, тврди аналитичарот Ховард Линџон.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Калифорнија. „Calavo Growers“ на почетокот требало да биде дистрибутер, но тие сега се производители и под свое име го продаваат ова овошје во Калифорнија и Мексико.

Иако е основана во 1924-та година, најголем раст на приходот бележат во последниве 5 години. Според последниот финансиски извештај во првиот квартал од оваа година нивната заработка достигнува до 248 милиони долари. Компанијата покажа голема стабилност за време на пожарите во Калифорнија и ураганот Харви, кои се случија минатата година.

„Побарувачката е се поголема, очекуваме оваа година да се зголеми за 20%. Конзумирањето на авокадото е во се поголеми количини особено во САД, а ние сме подготвени да ги задоволиме сите потреби на нашите потрошувачи“, изјави директорот Ли Кол.

Се очекува продажбата на „зеленото злато“ да остане стабилна во наредниве 10 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП