
За неколку дена на европскиот пазар конечно ќе пристигне „Citroen C5 Aircross“, кој од есента минатата година се продава во Кина.


За неколку дена на европскиот пазар конечно ќе пристигне „Citroen C5 Aircross“, кој од есента минатата година се продава во Кина.
Базиран на истата основа на која се прават „Peugeot 3008“ и „5008“, како и „Opel Grandland X“, „Citroen C5 Aircross“ е компактен „SUV“.

Француската компанија со овој модел ќе се обиде да му конкурира на најпродаваниот „SUV“ во светот, „Nissan Qashqai“, како и „Toyotа RAV4“, a ќе се произведува во Рен.
Нема податоци дали „Citroen“ ќе промени било што во однос на кинеската верзија, која ја одликува осуминчен мултимедијален систем и 12,3-инчна контролна табла, бежично полнење на смартфон и слични технолошки опции.

„Citroen C5 Aircross“ во Кина се нуди во две бензински верзии од 165 и 200 KS, поврзани со шестстепен автоматик.

Новиот „C5 Aircross“ има и „plug-in“ хибридна верзија со погон на сите четири тркала, која користи два електромотори со вкупна моќ од 300 KS.

„Citroen“ својот нов „SUV“ во Европа официјално ќе го претстави на 24-ти мај во 18 часот.