26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X8 најверојатно пристигнува на почетокот на 2020-та

BMW X8 најверојатно пристигнува на почетокот на 2020-та

„BMW“ го регистрираше брендот „X8“ и ќе понуди луксузен кросовер со ова име. Стандардните верзии ќе се натпреваруваат со моделите на „Range Rover“ и идниот „Auid Q8“, а топ-верзиите ќе бидат директни ривали на „Bentley Bentayga“, „Lamborghini Urus“ и „Rolls-Royce Cullinan“.

Директорот на одделот за развој на баварскиот концерн Клаус Фрохлих го потврди за „Autocar“ претстојното излегување на сличен модел, но одби да открие детали. Причината е дека раководството на „BMW“ сé уште нема донесено конечна одлука за тоа по каков „пат“ ќе се движи луксузниот автомобил.

Првата опција е стандарден – „BMW X8“ да стане купе-верзија на идниот „X7“ кој ќе се појави на пазарот до крајот на годината. Така баварците дејствуваат со „X5“, кој беше претворен во крос-купе „X6“, како и со „X3“, кој по преработка на каросеријата стана „X4“.

Втората можност е новиот „X8“ да претставува продолжена варијанта на „X7“, кој ќе има пространа кабина и прав покрив. Во секој случај, кросоверот ќе биде испорачан со 4 или 5 седишта, додека „X7“ ќе има верзија со 7 седишта. Идејата е да се фокусираат на луксузот и удобноста на патниците од вториот ред седишта.

Сепак димензиите на идниот „BMW X7“ овозможуваат пуштање на проширена верзија. Должината на моделот е 5.020 mm и растојанието помеѓу двете оски е 3.010 mm. Кај „Mercedes-Benz GLS“ овие индикатори се 5.131 и 3.076 mm, а кај стандардниот „Range Rover“ се 4.999 и 2.922 mm.

Во секој случај, новиот „BMW X8“ ќе биде најскапиот модел на баварскиот производител. Се очекува да се појави на пазарот околу 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП