27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЉубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина, „Турандот“, ќе биде изведена денеска во рамките на 46. издание на Мајските оперски вечери.

Диригент на ова последно животно дело на големиот Пучини ќе биде гостинот од Република Италија, Алесандро Дагостини, а режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако, исто така од Италија. За светлосниот дизајн се погрижи австрискиот мајстор Волфганг фон Цубек.

Во улогата на Турандот ќе ја видиме нашата првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, како Калаф гостинот од Франција, Амади Лага, како робинката Лиу ќе ја видиме гостинката од Чешка, Ноема Ерба, и како Тимур – Игор Дурловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП