29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМатка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

Изложбениот центар „Матка“ е добитник на наградата „Музеј на годината“, која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2017 година.

„ЕВН Македонија“ изложбениот центар Матка го отвори минатата година досега го посетија над 7.000 посетители, а беше претставен и на годишната конференција на Европската музејска академија. Во Македонија ова е прв центар кој се занимава со техничките науки, се служи со модерен музејски пристап и содржината е претставена на забавен и интерактивен начин. Поставката е сместена во зградата на старата хидроцентрала на Матка, која за граѓаните на Скопје е од особена важност затоа што го има овозможено растот и развојот на градот во 20 век. На проектот му претходеше интензивна истражувачка работа, а во изложбата денес може да се видат оригинални стари предмети, архивски материјали, филмови, фотографии, интервјуа и интерактивни модели што беа изработени специјално за оваа намена и од кои посетителите учат додека ги испробуваат нивните функции и можности.

Матка е отворена секој ден освен понеделник од 10 до 15 часот.

ICOM е најголема меѓународна организација на музејски работници која е присутна во 136 земји и ја сочинуваат повеќе од 35.000 члена. Организацијата има консултативен статус во Економско-социјалниот совет на Обединетите нации. Македонскиот разгранок на комитетот е формиран во 1993 година и оттогаш поставува професионални стандарди кои придонесуваат за создавање квалитетна музејска дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП