26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart објави силен прв квартал по растот во онлајн сегментот

Walmart објави силен прв квартал по растот во онлајн сегментот

Онлајн продажбата на „Walmart“ бележи раст со 33% во првиот квартал во однос на една година претходно, a како што изгледа инвестициите во онлајн бизнисот и дизајнот на веб-страницата на компанијата се враќаат, објави „CNN Money“ и „CNBC“.

Инвеститорите беа привлечени од оваа бројка, во момент кога извршниот директор Даг Макмилен го реструктуира најголемиот трговец на мало во светот, за да привлече повеќе млади и побогати купувачи онлајн, да се натпреваруваат со „Amazon“.

„Променивме се одвнатре, за да бидеме побрзи и дигитални“, рече Макмилен во соопштението.

Во првото тримесечје онлајн растот на „Walmart“ се забави до 23%, по зголемувањето од 50% и 60% во текот на претходните два квартали. Падот предизвика продажба на „Wall Street“ во најлош ден за „Walmart“ по 30 години.

Продажбата во вкупно 4.760 продавницата на „Walmart“, кои биле отворени најмалку една година, се зголемени за 2,1%, а сообраќајот е зголемен за 0,8%. И двете бројки покажуваат дека купувачите продолжуваат да се насочуваат кон продавниците на „Walmart“, кои според компанијата се на растојание од 10 милји за 90% од Американците.

Проширувањето на „Walmart“ во секторот за снабдување со намирници за дома и онлајн продажбата го поддржуваат објавениот раст. Според податоците на компанијата клиентите кои купуваат во продавниците и на интернет, трошат речиси два пати повеќе отколку клиентите кои купуваат само во продавниците.

Профитот на „Walmart“ е намалена за 1,6% во однос на претходната година, па таа беше принудена да ги намали цените за да се справи со конкуренцијата. „Wall Street“ го усвои позитивно извештајот на компанијата, па акциите поскапеа со 1% во берзанската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП