25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАTеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

Tеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Обѕрни се во гневот“ во режија на Kристина Димитрова на 18 мај гостува на Фестивалот на малите театарски форми во Враца, Бугарија. Ова е еден од најстарите театарски фестивали во Бугарија со долгогодишна историја.

„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светот во кој владеат материјалните вредности, лицемерството на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок, а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста… Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите што ги обработува, денес се исто толку актуелни како во времето кога е напишан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП