23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

Бесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

По повод меѓународниот Ден на музеите – 18 Мај, денеска влезот во Музејот на Македонија ќе биде бесплатен, а во таа пригода на посетителите ќе им биде подарена по една публикација.

За истиот повод, заедно со илјадници музејски институции од целиот свет, Музејот на Македонија и годинава ќе земе учество на манифестацијата Ноќ на музеите.

„Овој значаен настан посветен на движното културно наследство ќе се одржи на 19 мај 2018 година. Во таа пригода во 21 часот ќе биде одржан концерт на групата Next to Silence. Музјот ќе биде отворен во ноќните часови, од 19 до 1 часот по полноќ. Влезот ќе биде бесплатен, а посетителите ќе имаат можност, покрај постојаните музејски поставки, да ја видат и изложбата на ликовни дела на Васко Ристовски“, соопшти Музејот на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП