29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеските регулатори го одобрија договорот со чипови на Toshiba

Кинеските регулатори го одобрија договорот со чипови на Toshiba

Кинеските регулаторни органи ја одобрија продажбата на бизнисот со чипови за меморија на јапонскиот технолошки концерн „Toshiba“ во вредност од 18 милијарди долари на консурциумот предводен од финансискиот инвеститор „Bain Capital“, соопштува „Ројтерс“, цитирајќи јапонски извор.

Оценката на антимонополнскиот орган е најголемата и последна пречка за продажба на единицата на „Toshiba“.

Портпаролот на јапонската компанија рече дека во оваа фаза компанијата не потврдува дали имало одобрување од страна на кинеските регулатори.

Претставник на државната администрација на Кина за регулирање на пазарот, вели дека не е запознаен со ситуацијата и не може да коментира. Претставникот на „Bain“ не беше отворен за коментар.

Одложувањето од страна на регулаторите доведе дури до шпекулации дека „Toshiba“ може да се откаже од договорот и да премине кон алтернативна опција, како што е примарна јавна понуда за бизнисот со чипови.

„Toshiba“, која создаде технологија за „NAND“ чипови, го предложи овој свој бизнис за продажба, за да се справи со сметководствените проблеми и милијардите долари загуба во 2017-та година во врска со нејзиното единица за енергетика во САД. Компанијата го зголеми капиталот со продажба на средства од бизнис во сферата на енергетиката за 410 милијарди јени, како и со продажба на нови акции за 600 милијарди јени.

Во меѓувреме јапонскиот концерн објави дека очекува неговиот нето профит да скокаат со 33 отсто во оваа фискална година благодарение на планираната продажба на нејзината единица за чипови за меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП