29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

„Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

Изложба на фотографии со наслов „Од мој агол“ ќе биде отворена на 18 мај во објектот Чифте амам, со почеток од 13 часот, најави Националната галерија на Македонија.

Оттаму појаснуваат дека изложбата преставува презентирање на најдобрите фотографии од децата со аутизам изработени во текот на организирано фотографирање, реализирано на разни локации од градот Скопје. Притоа овие деца од своја призма и од свој агол го доловиле амбиентот на тоа што го доживеале.

Од Националната галерија на Македонија додаваат дека како општествено одговорна институција од областа на културата, во рамките на својата програма реализираат голем број проекти наменети токму за ранливите категории деца со цел тие да се едуцираат за уметноста и културата.

Изложбата „Од мој агол“ е дел од проектот „Уметност за сите“, кој е поддржан од страна на холандската амбасада во Р. Македонија, а таа ќе биде поставена до 30 мај годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП