6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

Концерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

Со концертот на италијанскиот гитарист Фабио Барбагало вечерва во 19.30 часот во Даутпашиниот амам, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје (www.ladante.mk) се вклучува во одбележувањето на роденденот на Данте Алигиери.

Овој голем италијански поет е патрон на Асоцијацијата „Данте Алигиери“, а Институтот во Скопје е еден од неговите 482 комитета распростанети во 80 земји во целиот свет.

Главната мисија на оваа асоцијација е промовирање на италијанскиот јазик и култура. Институтот „Данте Алигиери“ ја остварува оваа цел во тесна соработка со Амбасадата на Република Италија во Скопје, Катедрата за италијански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и преку други институции во Македонија преку организација на курсеви по италијански јазик, културни настани и сл.

Фабио Барбагало е еден од најактивните италијанските гитаристи од неговата генерација на меѓународно ниво. Студиите по електрoнска музика и музички дисциплини и нова технологија ги завршил на Музичкиот Институт „В. Белини“ во Катанија со највисока оценка. Бил член на жирија на голем број меѓународни натпревари, а има одржано концерти, семинари и специјализирани часови мастерклас во дури 24 држави во светот. Неговите композиции се издадени за „Синфоника“ во Милано. Основач и уметнички директор е на „Соларино- меѓународен фестивал за гитара“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП