20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите кои се „борат“ за проценка од 1.000 милијарди долари

Компаниите кои се „борат“ за проценка од 1.000 милијарди долари

„Apple“ е само на чекор од пазарна капитализација од 1.000 милијарди долари, што за првпат ќе се случи кај американска компанија. Сепак, технолошкиот гигант може наскоро да биде претекнат од „Amazon.com“.

Компанијата основана во гаража од Стив Џобс во 1976-та година, „Apple“ го зголеми својот приход до 299 милијарди долари, што е повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на земји како Португалија или Нов Зеланд.

Во последниве денови, пазарниот рејтинг на „Apple“ се зголеми на 934 милијарди долари (916 милијарди долари вчера), откако беше најавено дека ќе потроши 100 милијарди долари за купување на сопствени акции.

Покрај тоа, „Berkshire Hathaway“ на Ворен Бафет драматично го зголеми својот удел во компанијата, што се сметаше за уште еден добар знак на инвеститорите од „Вол Стрит“.

Благодарение на зголемувањето од околу 12 проценти во деновите по првиот квартал, компанијата од Калифорнија беше на само 8 проценти под границата од 1.000 милијарда долари.

Пред неколку денови, аналитичарот Анџело Зино ја зголеми прогнозата за цената на акциите со поставување нова цел од 210 долари наспроти 195 долари до денес. Оваа цена ќе ја изедначи „Apple“ со 1.030 милијарди. Зино, како и најмалку 12 аналитичари, веќе го процени „Apple“ со 12 нули.

Сепак, „Apple“ е под закана да биде претекната од „Amazon.com“, која е втората најскапа компанија во САД со оценка од 780 милијарди долари. Аналитичарите сметаат дека растот на „Amazon“ може да е побрз, слично на она што се случи во последните 12 месеци.

За последната година акцијата на „Apple“ се зголеми за 24%, но на „Amazon“ додаде повеќе од 70 отсто.

Од друга страна, Саудиска Арабија подготвува примарна јавна понуда (IPO) на државната „Saudi Aramco“ што би оценило компанијата на околу 2.000 милијарди долари.

Следните најскапи компании во рангирањето за САД се „Alphabet“ (765 милијарди долари), „Microsoft“ (749 милијарди долари) и „Facebook“.

Петте погоре споменати американски компании формираат 15% од оценката на сите компании вклучени во „S & P500“ (над 24.000 милијарди долари).

Според аналитичарите од „Волстрит“, „Apple“ ќе ја премине границата од 1.000 милијарди долари во септември, „Amazon“ ќе го стори тоа во октомври, под услов дека растот на акциите ќе продолжи да е со истиот темпо, како и во изминатите 12 месеци.

Малку подоцна, сепак се очекува „Amazon“ да го заземе местото на „Apple“, како најскапата компанија во САД. Дали тоа ќе се случи – претстои да видиме.

Останатите прогнози предвидуваат „Microsoft“ да добие оценка од пазарот од над 1.000 милијарди долари не порано од 2019-та година, додека кај „Alphabet“ тоа може да се случи една година подоцна.

Просечните предвидувања на аналитичарите од „Волстрит“ сепак не се толку оптимистички и очекуваат „Apple“ да се тргува по цена од 200 долари за акција во следните 12 месеци, што би ја оценило компанијата на 983 милијарди долари.

Прогнозата на цената на „Amazon“ е 1.850 долари, или 15% над оваа цена, додека кај „Microsoft“ и „Alphabet“ се чека раст од 12 и 16% во следните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП