26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на новата прозна книга на Томислав Османли во КИЦ

Промоција на новата прозна книга на Томислав Османли во КИЦ

Во Салонот 19,19 на Културно-информативниот центар (зградата на Работничкиот универзитет, 2. кат), вечерва ќе биде промовирана најновата книга на Томислав Османли „Океан од слики – раскази и каприча“.

Книгата ќе ја претстават д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и д-р Владимир Мартиновски.

Во најновата збирка раскази со парадигматичен наслов „Океан од слики – раскази и каприча“ Томислав Османли создал серија сугестивни мешани дискурси во рамките на кратката проза, постапка што во неговиот прозен опус е најавена уште во неговата извонредна книга раскази „Каприча“.

Издавач и сопственик на „Авант прес“ е Горјан Лазаревски, уредник на изданието е Ацо Пероски, лектор Весна Грозданова. Уредник на секторот за издавачка дејност на Културно-информативниот центар и на овој настан е Емилија Михајлова. Почетокот на промоцијата ќе биде во 19.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП