20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцертот „Нинг Фенг се враќа“ повторно го носи врвниот кинески виолинист во...

Концертот „Нинг Фенг се враќа“ повторно го носи врвниот кинески виолинист во Скопје

Овој четврток, на 17 мај, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.

Овој пат еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс со наслов „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.

Еден од водечките виолинисти во Кина денес – Нинг Фенг, иако постојано настапува во својата земја со видни оркестри, тој е и еден од најбараните музичари и во Европа. Моментно живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката ќе го оцени како уметник со прекрасен лиризам и емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП