12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Нинг Фенг се враќа“ во Македонска филхармонија

„Нинг Фенг се враќа“ во Македонска филхармонија

На 17 мај во 20 часот Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.

Овој пат еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина – „Шпанска симфонија“ од Едгар Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП